Тековното проширување на глобалната економија, како и зголемувањето на трговската размена меѓу земјите пројави потреби од извршување на услужни дејности од областа на транспортот со комплетен асортиман.
Forsped Logistics започна со работа во 2004 година со седиште во Кавадарци. Тоа е меѓународна компанија за транспорт и логистика.
Со проширувањето на своите услуги во областа на транспортот и логистиката предводена од искусниот и млад кадар бележи значителен развој и нуди услуги, совети и решенија на многу клиенти како од земјата така и од надвор.
Во 2007 год. Forsped Logistics станува членка на MIFA (Macedonian International Forwarding Association).
Поради потребите на компанијата во Фебруари 2008 година започна со работа и комерцијалниот оддел во Скопје.
Forsped Logistics брои моментално 20 вработени, чиј број рапидно расте.