На 15.10.2008 година се одржа средба на странските инвеститори членки на ICI со министерот за економија, Г-дин Фатмир Бесими. На оваа средба присуствување и господинот Кариакос Форозидис - генерален директор на "FORSPED LOGISTICS" - компанија која е член на групацијата - ICI.
Членовите на "Меѓународниот совет на инвеститори - ICI" на оваа средба дискутираа за целокупната деловна клима во земјата, за потешкотиите со кои се сретнуваат во секојдневното работење, како и за успешно изнаоѓање решенија за подобрување на тековната состојба.